Црна Гора: Препорака верските обреди да се вршат без присуство на граѓани

 Црногорското Национално координативно тело за заразни болести им препорача на сите верски заедници на цела територија на земјата верските обреди да ги вршат без присуство на граѓани во храмовите.

Тоа е соопштено по седницата, на која претседавал шефот на Националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ.

Бројот на активно заболени случаи од коронавирус во Црна Гора изнесува 1.582 лица.

Back to top button
Close