Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија му забранија прелет на Лавров до Белград


Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија го забранија прелетувањето на авионот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за утре да го посети Белград, потврдија за Данас извори од српскиот државен врв.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од кабинетот на претседателот Александар Вучиќ стигна соопштение дека утре во 10 часот ќе се сретне со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко.

Сето ова на дело ги потврди зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој јавно соопшти дека работите се комплицирани во врска со планираното доаѓање на министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека ситуацијата околу доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Белград е „исклучително комплицирана” и дека со логистиката на неговото патување се занимава српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Навистина е неверојатно ситуацијата во Европа и во светот да е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со такви работи, како што е логистиката на патувањето на еден министер за надворешни работи, од што зависи дали тој ќе дојде или не, рече Брнабиќ за Пинк ТВ и додаде дека во прашање се проблеми со „прелетите” со авион.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров на 6. и 7 јуни ќе престојува во Белград и ќе се сретне со српскиот претседател Алесандро Вучиќ, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, претседателот на Собранието Ивица Дачиќ и патријархот на СПЦ Порфириј. Од Србија досега нема никаквква официјална потврда за агендата на посетата на Лавров во Белград.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за РТРС од Бања Лука дека следната недела во Белград ќе разговара за цената на гасот и за Косово со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој изјави дека Русија е заинтересирана да ги слушне оценките на Вучиќ, како и на другите српски политичари за ситуацијата и дека „ќе биде многу интересно да се слушне како тие ја оценуваат посредничката улога на ЕУ”.

– Се разбира, многу е важно да ги разбереме оценките на српското раководство и неговите планови за следниот период, изјави шефот на руската дипломатија.

Back to top button
Close