Црна Гора: Тест за обично воспаление помина како „ПЦР-тест„- неколку лица од Албанија го измамија системот

Со помош на тестови направени од примерок од крв, кои се обележани со ПЦР на албански јазик, исто како и тестот за присуство на коронавирус, неколку луѓе од Албанија го измамија системот во последните денови и влегоа во Црна Гора.

Постоењето на лажни тестови го потврди и Полицискиот директорат.

Извештајот од тестот е направен во лабораторијата „Интермедикус“ во Скадар. Цената на тестот е шест евра и на него пишува „Протеин С Реактив“.

„Тоа е лабораториски тест кој ја мери количината на протеини во крвта. Врз основа на Ц вредноста на реактивниот протеин, може да се процени степенот на воспалителен процес во телото“, велат надлежните.

Според нив, на албански јазик е напишано дека е утврдено присуство на некое воспаление и дека истиот не е тест за коронавирус.

Сепак, тестот е издаден на патници од Европската Унија кои патуваале во Црна Гора а во Албанија бил издаден како „ПЦР-тест“ за коронавирус, информираат официјалните лица .

Back to top button
Close