Црничиќ го менува разрешениот Смаиловиќ во „Улици и патишта“
Новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“ е Бобан Црничиќ. Назначувањето го направи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој завчера го разреши досегашниот директор Сенад Смаиловиќ.
Како што информираа од Градот, новиот в.д. директор Бобан Црничиќ досега беше деловен асистент на Смаиловиќ, објави „Вечер“.
Имено, во полицискиот билет беше објавено дека на 15 август, во 22:40 часот на улицата „Владо Малески“, во Струга, полициски службеници од полициската станица-Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.