Црногорската полиција уапси Србин поради лажна дојава за бомба во авион
Црногорската полиција го уапси српскиот државјанин С.М. (23) поради лажна дојава дека има бомба во авионот на Ер Србија што слета на аеродромот Тиват, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се наведува дека околу 16:40 часот, Дирекцијата на црногорската полиција била телефонски известена дека на авионот ATR-72 (YU-ALY) што сообраќал на релација Белград-Тиват, а кој требало да слета на аеродромот Тиват во 18:30 часот, е поставена експлозивна направа.
Службениците од Секторот за спречување на криминал, заедно со службениците од Регионалниот центар за безбедност, Одделот за безбедност во Тиват и Одделот за безбедност во Херцег Нови, презедоа низа итни сеопфатни мерки за да ја обезбедат безбедноста на сите патници, како и да го идентификуваат лицето кое го направило повикот.
Аеродромот Тиват беше евакуиран, а по слетувањето беа проверени патниците, багажот и самиот авион.
Преку полициски активности, СМ беше идентификуван и уапсен под обвинение за лажно пријавување.