Црногорски медиуми: Трговскиот бојкот успеа

Според пишувањата на медиумите во Подгорица, првиот бојкот на супермаркетите и продавниците, што почна утрово во Црна Гора, бил успешен, бидејќи, како што велат, речиси и да немало купувачи.

Во Будва, Никшиќ и Бијело Поље речиси и да нема купувачи, во Подгорица има многу помалку од вообичаено, а слична е ситуацијата и во Бар, објавија подгоричките медиуми.
Сепак, нема официјални податоци од Даночната управа за тоа колку помалку фискални сметки се издадени денеска и колку помалку пари граѓаните оставиле во супермаркетите во споредба со, на пример, минатиот петок или кој било друг ден во неделата, како што е случајот во Хрватска.

Според извештаите на „Вијести“, бројот на купувачии во супермаркетите во Подгорица бил многу помал од вообичаено, а во Никшиќ и Бијело Поље речиси и да немало луѓе во големите маркети

Back to top button
Close