Црногорскиот министер за труд позитивен на коронавирус

Министерот за труд и социјална грижа Кемал Пуришиќ е позитивен на коронавирус, соопшти преку Твитер Владата на Црна Гора.
Во објавата се посочува дека по добивањето на резултатите од тестирањето, од синоќа министерот и неговата сопруга се во самоизолација.
„Националното координативно тело (НКТ) го поздравува неселективното почитување на епидемиолошките мерки и му посакува на семејството Пуришиќ побрзо оздравување и враќање на работните обврски“, се посочува во објавата на црногорската Влада.