Црвен аларм во Барселона: Метеоролозите предупредуваат за влошување на состојбата

Барселона е под црвен метео аларм поради обилните врнежи кои предизвикаа поплави и ја прекинаа работата на аеродромот „Ел Прат“.

Водата се излеваше низ таванот на терминалот и ја поплави пистата, што предизвика бројни откажани и пренасочени летови.

Националната метеоролошка агенција на Шпанија (AEMET) прогласи „екстремна опасност поради обилните дождови“ и издаде предупредување: „Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“.

Метеоролозите предупредуваат дека состојбата може да се влоши во текот на денот, а во регионот се очекуваат дополнителни врнежи, пишува Мирор.

 

Back to top button
Close