„Црвениот фустан добро ми прилега“ – Од декриминализацијата на сексуалната работа има бенефити целото општество

Под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“ во градскиот парк во Скопје беше одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници 2 Јуни, во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, со партнерските организации од Платформата за декриминализација на сексуалната работа, Здружение за поддршка на маргинализирани работници STAR – The First Sex Workers Collective in the Balkans и Коалиција МАРГИНИ. На настанот присуствуваа сексуални работници, нивни пријатели, поддржувачи и активисти кои испратија барања за унапредување на човековите права на сексуалните работници преку декриминализација на сексуалната работа.
Драгана Дрндаревска од Коалиција МАРГИНИ изјави дека: „Декриминализацијата на сексуалната работа е клучно барање на сексуалните работници, нивните поддржувачи и здруженија. Декриминализацијата е единствен модел кој ќе овозможи почитување на човековите права на сексуалните работници, унапреден пристап до здравствени и социјални услуги, како и вклучување на сексуалната работа во формалната економија со што овие работници конечно ќе добијат работнички права. Од декриминализацијата на сексуалната работа има бенефити целото општество, особено кон превенција од родово засновано насилство, превенција од сиромаштија, социјална нееднаквост како и трговија со луѓе. Моделот на декриминализација на Нов Зеланд го сметаме за најуспешен, според кој треба да се ревидираат политиките кои ја уредуваат сексуалната работа во Р.С. Македонија.“

Back to top button
Close