Црвениот крст исплати еднократна парична помош за семејствата на настраданите во автобуската несреќа во Бугарија

Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваа да им дава поддршка на семејствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа што се случи во Република Бугарија на 23.11.2021 година, во која животот трагично го загубија 45 лица, а седум лица беа повредени.

Како што соопштија од Црвениот крст, еднократната парична помош е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите лица, со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија.

Од Црвениот крст упатуваат и благодарност до граѓаните кои искажале висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна.

 

 

Back to top button
Close