Црвенковски фотографиран со министер во Владата на Мицкоски

Екс премиерот и претседатл на Репбулика Македонија, Бранко Црвенковски попладнево е фотграфиран во гостилница Дукат во Скопје во друштво на висок државен функционер, министер во Владата на Христијан Мицкоски.

Имено на фотографијата од лево кон десно прв е Горан Минчев, министер за администрација од редовите на ЗНАМ кој своевремено беше Генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја водеше СДСМ, а со Црвенковски се и во кумовски врски.

Потоа на фотографијата е Црвенковски, а веднаш до него неговиот кум и личен шофер.

Најдесно на фотографијатата е Зоран Попов, амбасадор на Македонија во Вашингтон поставен на позицијата од Стево Пендаровски.

Бранко Црвенковски веќе неколку години го има замрзнато своето членство во матичната партија СДСМ, а подолг период не е политички активен.

Сепак изминативе неколку недели околу локалните избори е се присутен низ целата држава што дополнително отвора сомнежи за негово можно враќање на политичката сцена.

Пред првиот круг, Црвенковски беше фотографиран во Охрид со тогашниот кандидат и актуелен градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков.

Пред вториот круг беше објавена фотографија од членови и активисти на СДСМ дека лично Црвенковски во Кичево имаат одработено за да се порази Фатмир Дехари и да победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа трета фотографија од Црвенковски во три недели тој е фотографиран со министер во Владата на Мицкоски.

Back to top button
Close