Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Во период кога бакарот достигнува рекордно високи цени на светските берзи, Македонија не може да се пофали со големо производство на овој значаен метал, иако земјава изобилува со него.
Цената веќе надмина десет илјади долари за тон, особено поради високата побарувачка поттикната од европскиот план за зелена транзиција. Додека ЕУ стимулира производство на бакар, од друга страна, Македонија во моментов има само еден рудник за бакар „Бучим – Боров дол“ и според проценките во него се произведуваат само 8.000 тони бакар годишно.
Во меѓувреме, според актуелните геолошки истражувања, единствено инвестицијата за рудник за бакар во Иловица може да се пофали со огромно количество од металот, од кое директна придобивка би имале граѓаните и државата. Во наоѓалиштето за бакар Иловица, утврдени се околу 500 милиони тони руда, односно 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има 410 илјади тони бакар. Па така, пресметките, но и планот на инвеститорот предвидуваат просечно годишно производство на над 16 илјади тони бакар во Иловица. Доколку ова се преведе во бројки, рудникот во Иловица, на инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“, ќе биде во топ-3 извозни компании во Македонија, со приближно двесте милиони евра просечен извоз во година. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидуваше да работи околу 23 години.
На овој начин, значајните приливи на девизни средства во државава во голема мерка ќе помогнат во одржувањето на билансот на плаќање во услови на трговски дефицит поради повисокото ниво на увоз во однос на извозот, со што ќе се допринесе до ублажување на инфлаторните притисоци, зголемувањето на девизните резерви и до помагањето за одржувањето на стабилноста на националната валута.
Инвестицијата во моментов е блокирана, а на ова и претходеа низа спорни одлуки на домашните институции. „Еуромакс ресоурцес“ неколкупати повикуваше да не се носат дневно-политички одлуки за вака крупна инвестиција, особено доколку при процесот на одлучување политичарите се водат од организираните протести, кои според многумина имаат сомнителна позадина, каде изостанува мотивот за заштита на животната средина.
Во едно од последните интервјуа, поранешниот претседател на Македонската асоцијација на рударството, Николајчо Николов, истакна дека главен проблем за блокадата на инвестицијата е отпорот на еколошките друштва и променливите одлуки и мислења на државните органи.
-Нашата држава мора поконкретно и појасно да ги решава спорните прашања околу рудниците (Иловица Штука, Казан Дол и др) за што би придонело и отворањето на евентуално ново Министерство. Сметам дека државата треба да оформи релевантни стручни групи од рударството и земјоделството кои со аргументи и бројки ќе покажат што е исправно, а на тој начин и ќе помогнат за правилен став на политичките чинители во

2 / 2
државата и правците за развојот на земјата во овие дејности, потенцира Николов за Локално.мк.
Инвестицијата во рудникот, која тежи над 350 милиони евра за само првите две години од изградбата на рудникот, освен од металуршките инженери, доби поддршка и од дел од локалното население, кое во неа гледа спас во борбата со нискиот животен стандард и иселувањето од струмичко. Дел од жителите ја поддржаа и граѓанската иницијата „И здравје и работа“, која повика да се носат храбри и визионерски одлуки за граѓаните да имаат надеж.
– Македонија сигурно не, ако продолжат лошите политики во однос на развојот на рударската индустрија во земјава и одењето по паметот на мала група луѓе кои работат против интересите на државата и нејзините граѓани. Само рудникот „Иловица – Штука“ има проценети резерви од 410 илјади тони бакар. Последната цена по која се продаваше  еден тон бакар на светските берзи е 10.090 американски долари… Математиката е јасна и само 2 отсто, а секако дека е многу повеќе од тоа, тоа се многу за државата и општините на кои се неопходни секој денар за нови водоводи, канализации, улици, училишта и градинка, а преку тоа и запирање на се позасиленото иселување од земјава бидејќи веќе некое време ништо не мрда од мртва точка, напишаа на фејсбук од иницијативата „И здравје и работа“.

Back to top button
Close