ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско

Само еден активен пожар има вечерва во земјава и тоа кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18:30 часот се ставени три пожари, а изгаснати се 11.

Под контрола се ставени пожарите во Јасен, Општина Македонски Брод каде гореше мешана шума, како и во селата Беловодица во местото викано Ливада и селото Лењиште (букова шума) и во селата Стровија и Долгаец (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во:

1.    Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2.   Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица планински врв Китка (мешана шума);
3.   Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4.   Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5.   Општина Велес: с. Клуковец (ниска вегетација);
6.   Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);
7.   Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
8.   Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
9.   Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
10. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
11.  Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација).

Back to top button
Close