ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско


Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13 часот во земјава биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а пет пожари се изгаснати.

Активен пожар е пожарот во м.в. Пармакови Ниви, во Општина Куманово каде гори сува трева.

Изгаснати се пожарите во с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума), во Демир Капија, на депонијата кај Лепенец, с. Волково, Општина Ѓорче Петров, во с. Новаци (сува трева), Општина Новаци, во Дебар каде горело ѓубре, депонијата помеѓу селата Грдовци и Мојанци во Општина Кочани.

Back to top button
Close