ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати шест

Од вкупно 10 пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се четири, а изгаснати шест, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 18:00 часот.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Македонски Брод кај Националниот парк Јасен каде гори мешана шума, во Општина Теарце кај с. Теарце гори ниска вегетација, во Општина Сарај кај с. Радуша гори сува трева и мешана шума и во Општина Кичево кај с. Челопејци – с. Миокази гори мешана шума.

Изгаснати се пожарите во Општина Струмица кај с. Сарај горел отпад, во Општина Куманово кај с. Табановце горело ниска вегетација, во Општина Врапчиште кај с. Ломница – с. Калиште гореше шума, во Општина Тетово гореше ниска вегетација и ѓубре, во Општина Кочани кај м.в. Трајаново трло гореше ниска вегетација и во Општина Ресен кај с. Долно Дупени горело дабова шума и ниска вегетација.

Back to top button
Close