ЦУК: Активни пожари има во „Јасен“ и во струмичко Сарај

До 12:00 часот на територија на цела држава има три пожари на отворен простор, од кои два се активни.

Активни пожари има во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума, како и во струмичкото село Сарај, каде гори отпад.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во ресенското село Долно Дупени, каде гори дабова шума и ниска вегетација.

Back to top button
Close