ЦУК: Активни пожари во „Јасен“ и во Октишка краста во Струга
На територија на државава вечерва до 21 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор. Од нив два се активни, кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени три пожари: во општина Сарај – село Радуша кон село Дворце, во општина Арачиново и во Општина Демир Хисар – село Мало Илино.
Изгаснати се вкупно14 пожари во општините Кичево, Крива Паланка, Тетово, Брвеница, Гостивар, Могила, Битола, Делчево, Липково, и кај село Крапа во Македонски Брод и село Белица во Струга.