ЦУК: Активни пожари во „Јасен“ и во село Калдирец на планината Китка
До 18 часот на територија на цела држава регистрирани се осум пожари на отворен простор. Од нив два се активни: во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде е зафатена мешана шума и во село Калдирец, на планината Китка во општина Студеничани, каде гори мешана вегетација.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се шест пожари на територија на општините Битола, Струмица, Брвеница, Арачиново, Прилеп и Кавадарци.