ЦУК: Активни пожари во Чашка, Куманово, Студеничани и Македонски Брод

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот и 30 минути низ Македонија регистрирани се четири активни пожари и тоа на следниве локации:

Од гаснењето на пожарите на територијата на државата / Фото: Принтскрин

– Општина Чашка – над Богомила (гори мешана шума),

-Општина Куманово – с. Слупчане (запалена нискостеблеста шума),

-Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен),

– Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума),

Два пожари – кај Желино и во Долнени се под контрола, додека вкупно девет се изгаснати.

За пожарот кај Желино денеска интервенираа два ер трактори

Back to top button
Close