ЦУК: Активни три, под контрoла четири пожари

До 7 часот утрово на територијата на Македонија има вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена мешана шума.

Активен е и пожарот во општина Прилеп, село Дабница и м.в. Три багреми, каде гори ниска вегетација и ѓубре

Back to top button
Close