ЦУК: Девет пожари на отворено изминатото деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места.

Регионалниот ЦУК Скопје соопшти дека Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, во период од 12.00 до 14.00 часот, со  едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена депонија кај село Нерези во месноста „Лака“ (Општина Карпош).

РЦУК Тетово, известува дека од ТППЕ Гостивар, од 14.30 до 15.30 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Врапчиште (Општина Врапчипште) и во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.

РЦУК Куманово, информира дека од ТППЕ Куманово, од 17.55 до 21.40 часот, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на село Никуштак (Општина Липково) и во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.

РЦУК Битола ја пренесува информација од ТППЕ Битола, во која се наведува дека во период од 22.47 до 23.40 часот, со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на село Могила (Општина Могила) и имале уште една помала интервенција.

РЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кавадарци и од ТППЕ Велес дека во изминатото деноноќие имале по една помала интервенција.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 имало вкупно 1 754 повици . Од нив „реални“ повици биле 62,66 отсто, а 37,34 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 73,37 отсто, кон Итната медицинска помош 17,75 проценти, а кон пожарникарите 4,14 отсто од реалните повици кон ЦУК

Back to top button
Close