ЦУК: Два авиони од Германија и хеликоптери од Чешка и Србија доаѓаат на помош за пожарите

Центарот за управување со кризи извести дека во земјава ќе пристигне нова меѓународна помош за гаснење на пожарите.

Веќе пристигнал српскиот хеликоптер (Agusta Bell 212) кој утрово во 9.45 слетал на скопскиот аеродром.

Исто така Чешка ќе испрати хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од три тона, додека Германија ќе испрати два ер трактори (AT802/2), извести ЦУК.

Back to top button
Close