ЦУК: Нема опасност по објектите во струшки Елен камен

Шумски пожар попладнево ја зафати околината на Струга, во околината на туристичката населба Елен Камен, во близина на селото Радожда, а како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пожарот е зафатена дабова и нискостеблеста шума.

ЦУК во фејсбук-објава информира дека проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден, но оти моментално нема опасност од загрозеност на објекти.

„Но, поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта – стои во фејбук-објавата на ЦУК.

 

 

Back to top button
Close