ЦУК: Падна фасада во центарот на Скопје, за среќа никој не е повреден

Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел од фасадата, најгоре од зградата, не се знае во каква состојба е, но секако е потенцијална опасност за минувачите.

За среќа во инцидентот никој не е повреден.

Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна постапка, согласно нивните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” во близина на Министерство за правда.

Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.

Очевидци раскажуваат дека токму во тој момент две дечиња поминувале под зградата и благодарение на брзата реакција избегнале да им падне на глава.

– За малку ќе убиеше две дечиња, со брзо трчање, исплашени истрчаа…не знаеја што се случува. Кога задува силен ветер падна цел блок од фасадата на зградата, додека паѓаше удри на еден клима уред и тоа ги алармираше децата да реагираат инаку ќе им паднеше на глава – раскажа очевидец.

 

Back to top button
Close