ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново


Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али и раководителот на Секторот за операции и координација, Горан Стојановски беа во континуирана координација и комуникација со надлежните служби и институции, со цел навремено следење и реагирање на состојбата.

„Според информациите и фотографиите кои ги добивме од терен од Секторот за операции и координација во ЦУК, поројни дождови ја зафатија територијата на Град Скопје, особено општините Арачиново и Гази Баба, поточно населените места Сингелиќ и Стајковци.

Се работи за краткотрајни, но интензивни врнежи кои не предизвикаа значителна штета врз имот, објекти, инфраструктура и земјоделско земјиште.

Исклучок претставува дел од Општина Арачиново, каде што е евидентирано поплавување на неколку објекти, како и излевање на вода по улиците, при што е забележано насобрано количество песок и воден талог на патниот правец Арачиново – Скопје.

Според досегашните информации, засега нема животозагрозувачки состојби“, велат од ЦУК.

Back to top button
Close