ЦУК: Пожарот кај село Церово се шири кон Карпалак и скопскиот регион, нема загрозени населени места и објекти


Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот кај село Церово се шири кон Карпалак и скопскиот регион, но оти засега нема загрозени населени места или објекти.

Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи. Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер тракторот ќе биде ангажиран рано изутрина, информираат од ЦУК.

Како што наведуваат од ЦУК, сите засегнати служби остануваат на терен и ја следат состојбата за брза и ефикасна реакција.

Back to top button
Close