ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат


Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, информираат од Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Македонски Брод претходно извести дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“, при што опожарен е магацин/хала со хемикалии.

Територијалната противпожарна единица Македонски Брод интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Back to top button
Close