ЦУК: Регистрирани 27 пожари, девет активни
Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата со пожарите информира дека до 21:30 часот регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор од кои девет се активни, а два се локализирани.
Според информациите од ЦУК, се уште активни се пожарите кај Самоков и меѓу селата Црешнево, Локвица и Слатина, како и пожарите меѓу селата Блаце и Чучер и кај Кучевишка бара, како и пожарот под Солунска глава меѓу изворите на Бабуна и Бабина Дупка.
Активни се и пожарите кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николиќ, Дојран, селото Крушевица, Кавадаречко и Горна Лешница кај Желино.
Локализирани се пожарите кај селото Рамне во Македонски Брод и кај градската депонија во Делчево.