ЦУК: Се расчистуваат последиците од вчерашното невреме во Виница, Лажани и Тетово

По вчерашното невреме кое зафати повеќе делови од државата, се работи на отстранување на штетите од обилните врнежи од дожд што ги зафатија општините Виница, Долнени и Тетово.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во Виница досега се пријавени за поплавени над 60 објекти и таму речиси е завршено испумпување на водата од станбените објекти, а сега се работи на инфраструкатурата во урбаното подрачје на градот и во текот на денот се очекува се да биде завршено доколку нема нови врнежи на дожд.

Екипи на ТППЕ Виница синоќа до 23:00 часот имале 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се санирани, а во моментот се на терен со две пумпи и тројца пожарникари на пријава на еден деловен објект.

Втората критична точка вчера беше селото Лажани во Општина Долнени, кое беше поплавено, поради што некои жители беа евакуирани со трактори, а во општината од безбедносни причина беше исклучена струјата. Зафатени се над 30 објекти и се уште се работи на расчисатување. Ако нема пообилни врнежи од дожд, во текот на денот се ќе биде под контрола.

Од ЦУК денеска велат дека се работи за долниот дел од селото, каде поминува терцијалниот канал кој бил стеснет од ф-1000 на ф-100 и ф-200. Во овој дел има приватни станбени куќи.

Обилни врнежи на дожд по 20 часот синоќа имаше и во урбаниот дел на Тетово, а исто така и во Мала Речица. Евакуирани биле десетина луѓе, кои се сместени на безбедни места се додека не се испумпа водата од нивните објекти.

Во Тетово има поплавени подруми, гаражи и ќуки, а исто така излеана е канализацијата од неколку шахти.

Од ЦУК велат дека утрово во 2.30 имаше проблем со селото Џерма, каде од силниот порој од водата од планинскиот дел е уништен ѕид од една куќа, а некои автомобили се блокирани. Жителите бараат надлежните органи што поскоро да преземат мерки. На терен се екипите на општините, на ЦУК, на ДЗС, на ТТПЕ, СВР Тетово и дриуги, се работи со градежна механизација

 

Back to top button
Close