ЦУК: Спасени лица кои со возило заглавиле на Пониква

Центарот за управување со кризи утрово информира дека се спасени лица кои синоќа со возило заглавиле во снег кај Пониква.

Заглавените во снег на Осоговските Планини, биле однесени на безбедно место, а возилото било извлечено од снегот.

„Вчера во 17:45 била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини. Веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме, екипа од МВР, со теренско возило, била упатена на местото каде што биле заглавени лицата. Пожарникарите биле подготвени, ако имало потреба од нив. Вчерашната спасителна акција е успешно и навреме спроведена и покрај студеното и снеговито време“, додаваат од ЦУК.

Back to top button
Close