ЦУК: Тешко повреден Холанѓанец во Охрид, удрил во камен
Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид
– За итниот случај од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија- велат од ЦУК.
Засега нема детали како удрил во камен и како се повредил.