ЦУК во акција за искривено суво дрво во паркот „Жена борец“

Од „Паркови и зеленило“ им кажале дека ќе ја отстранат опасноста за што од ЦУК велат дека го следат решавањето на случајот

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека се загрижи за пукнато и искривено суво дрво во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје поради што пријавиле опасност во јавното градско претпријатие „Паркови и зеленило“.

„По добиена пријава од граѓани, Центарот за управување со кризи ги извести ЈП ’Паркови и зеленило‘ и Град Скопје и побара итно отстранување на дрвото што е исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање кај Градскиот трговски центар во паркот ’Жена борец‘ во центарот на Скопје“информираа од ЦУК.

Оттаму додаваат дека од „Паркови и зеленило“ ги известиле дека нивна екипа веднаш ќе излезе на терен и ќе ја отстрани „опасноста од неговата природна склоност на паѓање“.

„ЦУК ја следи ситуацијата за решавање на случајот преку Секторот за операции и координации и Регионалниот ЦУК Скопје, од каде што преку постојано дежурните оперативци се решаваат ваквите и слични случаи според стандардните оперативни процедури, како и за секој пријавен случај или итна ситуација што не е во доменот на полицијата, Противпожарната служба и Итната медицинска помош” велат од ЦУК

Back to top button
Close