ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување четворици планинари и 7 годишио дете на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес


На Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска доцна попладне е добиена пријава за четири лица, меѓу кои и едно малолетно седумгодишно дете, кои планинарејќи од село Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“) го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење.

Од ЦУК, информираат дека Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес и дека тим од три члена од ДЗС тргнале на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел

Спасувачката акција е во тек.

Back to top button
Close