Цукерберг е цел на критики поради нереагирањето на коментарите на Трамп за протестите во САД

 Вработените во Фејсбук се незадоволни од одлуката на основачот на компанијата, Марк Цукерберг, да не реагира на провокативните коментари од претседателот Доналд Трамп за протестите во САД.

Вработените во  Фејсбук јавно проговорија на Твитер и ја пофалија реакцијата на конкуретската социјална мрежа, додека од друга страна изразија критика за Цукерберг.

„Марк не е во право и ќе се обидам да го сменам мислењето на најгласниот можен начин“, напиша Рајан Фритас, чија сметка на Твитер го идентификува како директор за дизајн на производи за „Новости за повратни информации“ на Фејсбук. Тој истакна дека мобилизирал повеќе од 50 истомисленици  да лобираат за внатрешни промени.

Џејсон Тоф, идентификуван како директор на управување со производи, напиша на Твитер: “Јас работам на Фејсбук и не сум задоволен од тоа како се претставуваме. Повеќето од вработените со кои разговарав, се чувствуваат исто. Работиме да ги слушнеме нашите гласови”.

„Ја препознаваме болката што сега ја чувствуваат повеќето луѓе, особено нашата црна заедница“, напиша портпаролот на Фејсбук, Енди Стоун, во пораката, осврнувајќи се на вработените во компанијата.

„Ги охрабруваме нашите вработени да зборуваат отворено кога не се согласуваат со управувањето. Бидејќи се соочуваме со дополнителни тешки одлуки во врска со претстојната содржина, ние ќе продолжиме да ги бараме нивните искрени повратни информации“, додаде Стоун.

Твитер  објави предупредување на твитот на Трамп во кој го вклучи изразот „кога ќе започне грабежот, започнува и пукањето“. Твитер соопшти дека твитот ги крши правилата за борба против насилството, но е оставен како исклучок затоа што станува збор за јавен сервис.

Фејсбук одби да стори нешто во врска со пораката на Трамп, додека Цукерберг во Фејсбук објавата во петокот напиша дека додека тој ги сметал изјавите „длабоко вознемирувачки“, тие сепак не ја нарушиле политиката на компанијата против поттикнување насилство и луѓето треба да знаат дали владата ќе употреби сила.

Немирите низ целата земја настанаа по смртта на  Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше уапсен во Минеаполис минатиот понеделник. На видеото се гледа полицаец кој го држи вратот на Флојд со коленото скоро девет минути, по што Флојд почина.

Back to top button
Close