Д-р Анастасова, професорка по епистемологии и филозофија на уметностите, со свое предавање во рамки на филоСОФИЈА – општеството за критичко премислување на филозофијата oд жени филозофки

Д-р Сенка Анастасова, професорка по епистемологии и филозофија на уметносите, овој викенд настапи со свое предавање во рамки на филоСОФИЈА – општеството за критичко премислување на филозофијата oд жени филозофки. Во рамки на овогодинешната престижна конференција насловот на темата беше ‘’Критички граници’’ – а предавањето на проф. д-р Анастасова беше во домен на преиспитување на некрофилозофијата, некроестетиката, некрополитиките, уметностите и новите современи методологии во уметностите и науките.

На оваа средба Анастасова беше поканета како авторка на нејзината најнова филозофска книга од домен на естетиката ‘’Политичка наратософија’’ во издание на Ратлиџ Прес, зборувајќи за епистемето како ‘’сенка’’ и општествен транзит, особено за општествената епистемологија во прогрес, која се создава од современи жени филозофки, денес.

Поврзувајќи ја филозофијата со личното пишување, Анастасова се осврна на творештвото на Илејн М. Вуд, Венди Браун, Глорија Анзалдуа и теориите на дисплејсментот (имено конференцијата се случуваше во земјата на Анзалдуа), притоа Анастасова зборуваше за границите – епистемолошки, естетички, уметнички, научни, лингвистички, геополитички и за помеѓу-просторот, секогаш-веќе просторот, историскиот материјализам, деколонијализмот, фрагментарната методологија, континуитетот и дисконтинуитетот, особено во време на масовните миграции и глобалниот контекст на капитализмот и новото општество на технологии vs отпор, новиот поредок.  Во поширок опсег, во текот на овие интензивни дискусии од три денаконцептот на конференцијата е да се зборува за критичкото преиспитување на филозофијата и границите денес, во геополитички простор на современиот контекст на творештво, глобално, но и севкупно, за општествените и енвиронменталистички науки и хуманистиката денес. Анастасова се осврна и кон работата со своите студентки и студенти од хуманистичките науки и уметности, со кои ги преиспитува заедно новите насоки во естетиката, продукцијата на уметностите и апликативните критички методологии во филозофијата на уметностите денес, поаѓајќи од науката кон праксисот и обратно од праксис кон науките за уметност.

филоСОФИЈА е една од најпрестижните годишни светски конференции за филозофија кои ги поставува во комуникација и дијалог жените филозофки и уметностите  (филмот, есејот, креативното пишување, политичката филозофија, проблемите на културите, продукцијата на знаењето и науките, глобалната солидарност, преминувањето на границите (академски, интердисциплинарни), обликувани низ теориите на преместувањето и личното искуство). Пристапот е интерсекционален, а теориите на границата се разгледуваат низ современите епистемологиите на знаењето денес и условите на отпор кон веќе поставените методи и политики на комуникација.

На оваа средба учествуваа престижни имиња како предавачки, Марија Ортега, Марија Родригез, Лора Перез, Федра Солано, Коко Гагнет, зборувајќи за Марија Лугонез, Глорија Анзалдуа, Ла фронтера, границата на материјализмот и жените авторки низ деколонијалниот отпор, материјализмот, биополитиките,  меморијата.

Оваа средба се оддржа на Универзитетот А М во Koлеџ Стејшн, Тексас, а е поддржана од Oдделот за филозофија и Катедрата за глобални јазици и култури, Интернационалниот Конзорциум на критичката мисла, Центарот за џуманистички истражувања, Колеџот за уметности и науки, САД.   

Back to top button
Close