Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

Заблуда е дека консумацијата на марихуана мора да доведе кон посегнување кон потешки дроги. Во мојата тридеценски пракса сум се сретнал со голем број на уживатели кои никогаш не посегнале кон наркотични средства – вели д-р Беќаровски за „Слободен печат“.

Тој додава дека зависноста од марихуана е индивидуална работа и зависи од менталниот склоп на личноста, а нагласува и дека има лица на кои токму марихуаната им помогнала да се откажат од тешки наркотични средства, како што е на пример хероинот.

– Имало и пациенти кои започнале со конзумирање на марихуана, па преминале или експериментирале со други опојни средства и психоактивни супстанции, но има и такви кои спасот од хероинската зависност го нашле во супституција со марихуана – додава Беќаровски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close