Д-р Бухова: Во пандемијата влеговме со само 30 епидемиолози, да не зборувам за инфектолози

Оваа пандемија ги извади од под тепих сите заборавени проблеми во нашиот здравствен систем, изјави д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во емисијата „24 анализа“.

Истакна дека на почетокот на кризата тие се соочиле со само 30 епидемиолози, кои морале да бидат столбот.

-Еден епидемиолог не се создава преку ноќ. Специјализацијата трае 3,4,5 години, но и тоа не значи дека тој е спремен да влезе во жарот на ваква пандемија. Таа ни ги покажа сите дупки на системот. Влеговме со многу малку микробиолози, а тие мораа да излезат на терен. Да не зборувам за инфектолозите, информира Бухова.

Back to top button
Close