Д-р Даниловски: Од политичари, до обичен народ – никој не почитува мерки, ќе одиме до 1.000 нови случаи на ден

Најновите пресметки на природно имунизирано население со прележување на болеста или пак со примање дози е некаде околу 70 проценти. Мерките никој не ги почитува, тргнувајќи од политичарите и од позицијата и опозицијата, па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзит, изјави епидемиологот Драган Даниловски за Канал 5.

Тој вели дека државата не води сметка и не ги слуша медицинските препораки, па затоа заштитата од болеста сега останува само на свеста на секој поединец.

– Имаме почеток на раст на бројот на заболени лица, прашање на денови е кога ќе се соочиме со бројка од над 1.000 заболени денови тоа не ни бега ако не се превземе нешто позначајно, вели д-р Даниловски.

 

Back to top button
Close