Д-р Докиќ: Маските Н95 штитат од коронавирусот, но и од аерозагадување

Пулмологот д-р Дејан Докиќ вели дека штетното влијание на аерозагадувањето во комбинација со ковид-19 може да се спречи со носењето заштитни маски, но и не какви било маски.

Во гостувањето на ТВ24 попладнево Докиќ објасни во кои случаи маските не штитат.

„Во однос на епидемијата со ковид 19 и мерките кои се превземени за заштита, маските N95 вршат заштита во 95 проценти од воздухот кој доаѓа до носот. Затоа и се нарекуваат n95. Тие во голема мера ја намалуваат концентрацијата на аерозагадувачите кои би продреле до носот. Истото важи и за поленските зрнца во сезоната на алергии. Носењето на маски покрај заштитата од ковид, штити и од респираторни и вирусни инфекции, како и од алергии“, вели д-р Докиќ.

Back to top button
Close