Д-р Докиќ: Пациентите што прележале омикрон создаваат антитела што ги штитат од делта сојот

Професорот Докиќ од клиниката за пулмологија, за Канал 5 изјави дека омикрон сојот не ги напаѓа белите дробови туку горно респираторните патишта и има полесна клиничка слика, но она што е важно е граѓаните сами да не се лекуваат и да не пијат антибиотик на своја рака.

Тој истакна дека заболените со омикрон создаваат антитела кои ги штитат од делта сојот, но тие што прележале делта сој не се целосно заштитени од омикрон.

За него ковид вирусот ќе остане, но засега оваа форма на вирусот би требало да биде полесен и да го надвладее потешкиот делта сој.

Back to top button
Close