Д-р Филипче ја зајакна примарната здравствена заштита со моделот на интегрирана здравствена и социјална заштита

Зајакнувањето на примарната здравствена заштита беше еден од фокусот на работа на тогашниот министер за здравство д-р Венко Филипче. Додека тој раководеше со здравствениот сектор се реализираа здравствени политики за кои земјата доби признанија од меѓународните здравствени организации.

Кочани и Ресен беа првите општини кадешто почна имплементацијата на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита. Преку овој модел, граѓаните од оддалечените места, руралните средини добиваа здравствена услуга и заштита во домот. На овој начин, се подобри здравствената состојба кај луѓето кои живеат во рурални средини и во социјален ризик, а кои во тој момент немаа никаква форма на здравствени услуги во средините каде живеат.

 

За овие интегрирани услуги за домашна посета на Министерството за здравство, Светската здравствена организација ги оцени како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

 

При јавни излагања, д-р Филипче секој пат потенцираше дека примарната здравствена заштита е клучна и повеќе од потребна интервенција за подобрување на квалитетот, континуитетот и севкупното спроведување на здравствените услуги.

 

„Верувам дека покрај подобрување на повисоките нивоа на заштита во здравствениот систем примарната здравствена заштита останува главен темел за унапредување на здравството“, велеше Филипче како министер за здравство.

 

Во неговиот мандат се унапредија службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност. Со цел зајакнување на здравствениот систем и активирање на младите лекари по завршувањето на нивното стручно образование, д-р Филипче и Министерството за здравство иницираа јавен повик за интерес за работа во службите на патронажната дејност за медицински сестри и доктори, во времетраење од шест месеци.

Back to top button
Close