Д-р Каревски за скопската Клиника: Лудило, 10 дена се бара кој е крив, а проблемите никој никој не ги решава
Хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје остануваат затворени. Се оперираат само итни случаи, за кои се не се користи мрежата за воздух туку надворешен компресор, а останатите пациенти се препраќаат во „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 Септември“.
Ортопедскиот хирург во Општа градска болница – Скопје, 8-ми септември Скопје, Александар Каревски, на својот фејсбук профил, сподели дека веќе 10 дена трае ова, како што го нарече, лудило.
– 10 дена хаос, неодговорност и не знам како на друг начин да го опишам ова освен лудило. 10 дена се бара кој е крив, а проблемите никој никој не ги решава. Сакате решение? Пратете инструментарки, материјали и останат среден персонал од клиниките кои немаат сали затоа што и ние сме виртуозно изменаџирани, па ние “секундарната” 8ми Септември ќе ги згрижиме пациентите.
Ставете го стационарот на клиниките на наше располагање за веќе оперираните пациенти за кои не треба кислород и ќе имаме места.
Спасете ги пациентите, а после барајте си кој е крив. А важно е да се најде кој е крив, само да не ви треба огледало за истото?
Морам да ги спомнам и колегите од Св Наум Охридски кои се на истиот удар и колегијално со нас се договараат и успеваме некако да издржиме, порача доктор Каревски/.