Д-р Мехмедовиќ: Омикрон се шири бргу, последиците допрва ќе се анализираат

По регистрацијата на првиот случај на омикрон во државата, прашање на време е кога таа варијанта ќе биде силно раширена и кога таа ќе биде доминантна, вели д-р Злате Мехмедовиќ во разговор за телевизија 24.

– Веројатно, тоа нема да застане тука. Иако вирусите не се живи суштества, тие имаат тенденција да еволуираат и таа еволуција ја покажуваат преку мутации, односно преку унапредување на своите својства и можноста да го одбегнуваат човековиот имунитет и на тој начин да си ја остварат својата единствена причина поради којашто постојат, а тоа е да се реплицираат и да преживеат, објаснува докторот.

Како што вели д-р Мехмедовиќ, вакцините многу помогнаа во процесот на спречување на тешката симтоматологија и на смртните исходи кај варијантите на ковид-19 коишто се појавија.

– Тоа го гледаме и со последната варијанта омикрон. Иако станува збор за податоци кои сѐ уште е рано да се толкуваат, може да се каже дека во основа клеточниот имунитет којшто е создаден како резултат на прележување на болеста и на вакцинирањето, нуди сосема добра и квалитетна заштита во однос на тешките клинички форми на болеста и смртен исход од неа, вели тој.

Back to top button
Close