Д-р Стевановиќ: Не смееме да се релаксираме, иако е намален бројот на прегледи во амбулантата на Инфективна
Тоа е нешто што навистина влева надеж. Од еден друг аспект гледано, на терен, не можеме да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитетите се практично се уште речиси целосно исполнети. Но, она што ни дава надеж и се поклопува со бројките што ги покажуваат извештаите на Институтот за јавно здравје е дневната фрекфенција на амбулантски прегледи која е за 20, па и речиси 30 отсто намалена во однос на претходната недела. И ако сме имале просек на пациенти 100-120 па и повеќе прегледи за 24 часа на клиниката, сега таа бројка е сериозна намалена. Тоа е она што остава впечатокот дека бројката лесно се намалува, рече д-р Стевановиќ.
Директорката на Инфективна клиника, упати апел до граѓаните за време на празничните прослави во домовите да ги почитуваат мерките за заштита, повика граѓаните да се воздржат од групирања, за да не се направи нов тренд на пораст на заразени со Ковид 19.