Д–р Tрајановски: Сeдници во живо и поголем увид во работата на советот во Aеродром

Д – р Александар Трајановски – Коска, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром ги повика сите граѓани да излезат на изборите во недела, на 17 октомври и заокружувајќи за бројот 12 да гласаат за потранспарентна работа на Советот, пренесување на седниците во живот и реализација на клучните проекти.

Д – р Трајановски е директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ и на почетокот од своето обраќање вели дека лекарската професија е многу благородна и хумана. Но, наоѓа и допирни точки со советничката работа, затоа што и членовите на општинските совети треба да негуваат постојана комуникација со граѓаните и да бидат достапни за нивните проблеми.

  • Ќе се борам за седници во живо. За граѓаните во општина Аеродром да имаат увид во секојдневната работа на Советот. На 17-ти октомври се обединуваме околу нашиот другар, Александар Филиповски – Цанде, кој е иден градоначалник на нашата општина. Заедно, како тим, ќе придонесеме за поголем развој на нашата општина. Приоритет ќе ни биде реализацијата на проектите од изборната програма. Тоа се две нови градинки, два затворени базени, зелена површина од околу 5.000 м2, активни центри за стареење, како и други проекти во интерес на сите граѓани, изјави д – р Трајановски.

Советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром е составена од луѓе кои се запознаени со проблемите на граѓаните по сите населби. Кандидатите за советници се лица кои се докажани во различни области, млади и поискусни кадри, кои ќе придонесат за плански и рамномерен развој на Аеродром во претстојните четири години.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close