Д-р Васев и останатите приведени за скандалот на Онкологија се уште се во полициска станица

Доктор Нино Васев у останатите тројца приведени за поврзаност со скандалот Oнкологија се уште се во полициската станица Пролет во Скопје.

Засега нема информација дали и какви мерки ќе бара Обвинителството, а во овие моменти во тек е брифинг со новинарите на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје – Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител – Ана Гоговска Јакимовска.

Според информациите потврдени од Клиниката за онкологија, меѓу приведените освен Васев, се и медицинска сестра и домар.

Неофицијално меѓу осомничените е и поранешниот економски директор на клиниката – Нехат Нухи.

Back to top button
Close