Д-р Жан Митрев нема да прифати спогодба: Ќе се докажувам на суд ако треба 100 години

 

Д-р Жан Митрев нема да прифати спогодба за евентуалното обвинение од ОЈО за делото „осомничен за измамам на пациенти“.

  • Ќе се докажувам на суд ако треба сто години, тврди Митрев во вечерашната Топ Тема, Никого не сум измамил, ниту сум имал намера и мисла, се што правам е од срце за овој народ, вели д-р Митрев.

Докторот не може да ги објасни мотивите зошто некој како што вели „ги изманипулирал луѓето“ преку емисијата на ИРЛ „Нечиста крв“. Се сомнева на некои од вработените за кои тврди дека веќе се вработиле во конкурентски болници и изнесувале неточни информации со цел да му наштетат на угледот личен и на клиниката.

Шпекулации се вели информациите кои кружат во  јавноста дека поранешниот премиер Заев заедно со поранешниот министер за здравство Филипче сакале да ја купат клиниката.

Клиниката „Жан Митрев“ имала понуди да биде купена од над 4 странски фондови, кои пред ковид пандемијата нуделе големи суми на пари. Но, по емисијата на ИРЛ, и завршувањето на пандемијата, истите тие фирми понудиле помалку пари кои за д-р Митрев се неприфатливи.

Неговата намера била да продаде 51% од сопствеништвото, и за тоа слушнале големи фондови и компании, но и покрај претходно добрите понуди, Митрев одбил да ја продаде клиниката затоа што сакал да го заврши проектот на целосна дигитализација на болницата, која успеал да ја оствари за време на ковидот во 2020-та година.

Back to top button
Close