Да е жив и здрав внукот на Џафери, за нив вреди да се радуваме, рече Заев

Претседавачот на Собранието, Талат Џафери ја откажа денешната собраниска седница, бидејќи му се роди внук.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитки за ваквата вест на Џафери, а одложувањето на седницата предизвика различни коментари во јавноста.

„Да е жив и здрав внукот на Талат Џафери. Вреди за нив да се радуваме, затоа што се друго е минливо. Јас не добив покана за седница во Собранието, туку денеска имаше само подготовка за евентуална седница“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close