Да им се одземат лиценците на пет вештаци кои Јанакиески го „прогласиле за невин“ во случајот „Топлик“, бара Обвинителството

Да им се одземат лиценците на пет вештаци бара Обвинителството, бидејќи, како што обвинуваат, изготвиле непрофесионални вештачења за еден од предметите на поранешното СЈО, односно наместо како економисти се однесувале дека се судии. Ова е накратко забелешката на Обвинителството за вештаците кои биле ангажирани од одбраната во случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“, во кој меѓу обвинетите е и екс министерот Миле Јанакиески.
 Имено, како што дознава „Фокус“, Обвинителството испратило предлог до Министерството за правда, со кое го известува дека вештаците се однесувале непрофесионално, односно наместо да дадат мислење како економски вештаци, тие се ставиле во улога на судии. -Доставените стручни мислења се изготвени несовесно и непрофесионално, а со цел незаконски да се издејствува судска пресуда во корист на обвинетите, се образложува во предлогот на Обвинителството. Оттаму појаснуваат дека вештаците во едно од вештачењата навеле:
 „Правните дејствија кои се преземени од страна на Министерството за транспорт и врски не претставуваат елемент на кривично правен настан на штетни последици на Буџетот во РМ“. Од Обвинителството појаснуваат дека од напишаното произлегува дека вештите лица иако се економисти по професија си дозволуваат да се стават на позиција на суд и правно да ги квалификуваат дејствијата на обвинетите, што според нив, е очигледно непрофесионално постапување.
целиот текст на Фокус.мк

Back to top button
Close