Да не се доведува во прашање полагањето на државната матура, им порача Шаќири на вработените во Државниот испитен центар

Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура, рече министерот за образование и наукПолагањето на државната матура не треба да се доведува во прашање. Вработените во Државниот испитен центар заедно со директорката треба да комуницираат со другите институции и да чекаат да се реши општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири откако синдикатот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) најави штрајк поради тоа што од Министерството за финансии не добиле согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор.

Шаќири потенцираше дека сите имаат и правна одговорност и упати апел, како што рече, оваа институција да не ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура.

„Сите синдикати се вклучени во општиот колективен договор. Значи и тие вработени кои се дел од синдикатот УПОЗ јас ќе ги повикам зашто сите имаме законски обврски и кога се работи за државна матура не може да го искористат моментот на државната матура за да ја постигнат целта. Целта на Владата е општ колективен договор и подобри услови. Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура“рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по учеството на тркалезната маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“.

Вработените во Државниот испитен центар денеска најавија дека ќе го продолжат генералниот штрајк кој го почнаа вчера и рекоа дека тој ќе трае се додека не им се исполни барањето, а тоа е покачување на платите, односно добивање согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор кое го испратиле до Министерството за финансии.

Штрајк на вработените во Државниот испитен центар, стопирани се сите процеси и полагања

Додека трае штрајкот сите процеси што се во надлежност на Државниот испитен центар ќе бидат стопирани, а доколку состојбата на штрајк трае подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, меѓународните тестирања кои во овој момент се спроведуваат, испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници.

Од Синдикалната организација на Државен испитен центар апелираат Министерството за финансии итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати.

Back to top button
Close